Сексот со покрупни девојки е подобар

Секојдневно гледаме по медиумите совршени и слаби девојки но едно истражување полажува дека сексот со покрупни девојки е подобар.

еве зошто:

1. Сексот е побезбеден

Звучи лудо, но еве за што се работи. Девојките кои имаат облини се дефинитивно подобар избор за некои секси пози затоа што така е многу поудобно. Ова особено се однесува на пози во кои карличните коски на двајцата партнери опасно се приближуваат. Имено, кога девојката е многу слаба ова може да биде неудобно, додека со покрупна девојка се` е меко и супер.

2. Инстинктивно ги привлекуваат мажите

 

Мажите веднаш ги привлекуваат крупните жени и тоа на потсвесно ниво, затоа што дамата со заоблени колкови јасно испраќа порака дека е плодна и дека може да носи дете. Можеби на момците тоа свесно не им е важно, но психолозите тврдат дека нивната потствест тоа веднаш го забележува.

3. Телата им се многу интересни

 

Полните жени имаат буквално повеќе тело кое мажот може да го истражува, што е вистинско уживање и за жената и за мажот. А деловите како градите, задникот и бутините се големи ерогени зони – а воедно се и зони кои момците најмногу сакаат да ги истражуваат. Плус, не можете ни да замислите секс со градите на некоја слаба девојка, додека со заоблените дами тоа е вистинско уживање.

4. Нивниот облик на тело всушност го подобрува сексот

Облините се исполнети, во суштина, со течност која се поместува кога телото се поместува. Тоа автоматски ги прави оинтересни некои од позите. Ова особено важи за јавачката поза и доги стајл, а сексолозите тврдат дека не е се` само во движењето. Некои мажи многу ги возбудува самиот звук на потпирање на женскиот задник на нивната карлична коска.

5. Полни се со самодоверба

Дамите кои имаат облини, а притоа се полни со самодоверба, се вистински секс бомби. Затоа, прифатете го тој задник и меката кожа на стомакот и уживајте во сексот.

6. Имате за што да ја фатите

Вистина е дека мажите не сакаат да се чувствуваат како да имаат секс со својот помлад брат, па затоа сакаат кога имаат што да фатат и допрат. Токму тоа им го нудат на девојките со облини – многу работи за допирање.

7. Сакаат да се милуваат

Кели Шибари, една од првите ’плус сајз’ манекенки на светот, вели дека полните девојки се навистина подобри во кревет и тоа не само поради самиот чин, туку и поради она што претходи и следи.

„Повеќе сакаме да милуваме, а поради тој дополнителен контакт се` станува поинтимно, па сексот е подобар дури и кога е на брзина“, вели таа.

8. Не се плашат од смеење

Веројатно од искуство знаете дека покрупните девојки имаат повеќе смисла за хумор. Епа, токму поради тоа се и многу позабавни во кревет, тврдат сексолозите.

„Сакаме да се смееме, а луѓето забораваат дека смеата е вистински афродизијак“, тврди Шибари.

9. Помалку осудуваат

Девојките со облини многу добро знаат како изгледа кога некој ве осудува, па затоа ретко самите го прават тоа. Па така, нема потреба да се грижите дека таа ќе ви замери ако некаде згрешите.

 

 

 

13.03.2017 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега