Специјалците апсат, голема антитерористичка акција во тек

Германските специјални полициски сили во текот на ноќта и изутринава спроведоа масовна антитерористичка операција во градот Офенбург, што се наоѓа на југот на земјата на границата со Франција, јави дописникот на МИА од Берлин.

Операцијата, што заврши изутринава била преземена во центарот на градот, откако локалната полиција добила информации за закана за поставен експлозив, при што биле извршени проверки на голем број објекти и транспортни јазли, како и еден ноќен клуб. кој наводно бил можна цел на напад.

Полицијата во Офенбург соопшти дека истрагата за можната терористичка опасност во покраината Баден Виртенберг продолжува, но не даде детали за природата на заканите.

Грманските специјални антитерористички единици вчера беа активирани и во градот Есен во покраината Северна Рајна Вестфалија, каде по информација за закана од терористички напади неколку часа беше затворен еден трговски центар. 

 

 

 

13.03.2017 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега