Ова е последното писмо кое било напишано од Милошевиќ: Браќа Руси, помогнете ми, ме трујат

Дека Хаг упорно одбивал адекватно да го лекува поранешниот претседател, потврдува и писмото на Милошевиќ од 8. март 2006 година. Во писмото кое е упатено за тоагашниот шеф на руската дипломатија Сергеј Лавров Милошевќ го известува за „активни намерни постапки за уништвање на неговото здравје“. 

Трубуналот, според Милошевиќ сакал да го отруе. Како доказ ја наведува анализата на рвта од 12. јануари 2006 година, чии резултати ги добил на 7. март, покажало присуство „силен лек кој се користи за лекување на лепра и туберколоза, кој тој воопшто не ги користел, додал и дека во изминатите пет години немал земено никакви антибиотици.

- Тие кои ми ставија лек за лепра сигурно не можат да ме лекуваат. И оние од кои ја бранев земјата во војната и кои имаат интерес да ме замолчат исто така. Ви се обраќам на вас во исчекување да ми помогнете и да ме заштитите од криминалните активности и институцијата која работи под знакот ОУН и што побрзо ако е возможно да добијам адекватно лекување во вашата болница напишал Милошевиќ само три дена пред да почине. 

 

 

 

 

 

08.03.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега