Две лица загинати во снежна лавина на Француските Алпи

Двајца скијачи загинаа денеска во две одделни лавини на Алпите, а две лица се сметаат за исчезнати, јавува дописникот на МИА од Париз.

Една група од тројца холандски сноубордери, на возраст од дваесетна години, кои се движеа надвор од уредените писти, вчера попладне беа погодени од лавина во Валфрежус (Савоа), соопштија властите. Еден од нив почина, а спасувачките екипи продолжија со пребарување за да ги пронајдат другите двајца исчезнати.

Во Високите Алпи, меѓу ски-центрите на Варс и Ризул, во друга лавина загина уште еден скијач, се наведува во соопштение од префектурата, која не го прецизираше идентитетот на жртвата.

Вчера, ризикот од лавини според Метео Франс беше на 4 на скалата до 5, односно голем ризик на Алпите.

Вчерашниот ден на скијачките патеки на Тињ, донесе паника откако снежна лавина премина преку една отворена писта за скијање, но за среќа без жртви.

Изутрина, 40 домови беа евакуирани во Килоз (Аин), на патот што води кон Гран Коломбије поради лизгање на земјиште и карпи. Нема извештаи за евентуални жртви, но жителите се безбедни.

 

 

 

08.03.2017 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега