Червар си заминува од Македонија

Среда 8. март е последниот ден кога Лино Червар треба да му одговори на челникот на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС), Зоран Гопац, дали ја прифаќа понудата по седум години повторно да биде селектор на националниот тим на оваа земја.

Лино Червар е актуелен тренер на Металург и селектор на Македонија, тој се наоѓа во пол позиција за клупата на Хрватска изби во отказот кој го доби Жељко Бабиќ поради неуспехот на Светското првенство.

Червар последен пат како селектор ја водеше Хрватска во финалето на ЕП во Австрија. Хрватите го загубија тоа финале од Франција, но седум години подоцна тоа останува последното финале во кое играла Хрватска.

Челниците на ХРС се свесни дека без Червар нема финале, дека по неговото заминување брорбата за бронзата бил максимумот на селекторите Славко Голужа и Жељко Бабиќ.

Весникот Vecernji, на својата интернет страница, повикувајќи се на свои извори во ХРС, во средата објави дека Червар нема проблем да ја напушти клупата на македонската репрезентација, туку размислува што да прави со Металург, клуб во кој дојде во 2010 година и со кој постигна неверојатни резултати (две четвртфиналиња во Лигата на шампионите).

Истиот извор тврди дека за ХРС е можно да договори соработка со Червар само доколку тој работи само со хрватскиот национален тим, со напомена дека финасиските детали во договорот нема да бидат проблем.

Според Vecernji, во оваа фаза од кариерата за Червар финаисиите не се важни, туку за него е поважен предизвикот и можноста да стане европски првак со Хрватска, на првенството кое наредната година ќе се одржи во оваа земја.

Хипотетички, доколку тоа го постигне Червар би станал само третиот тренер во историјата на ракометот со златни медали од трите најголеми репрезентативни натпреварувања (Олимписки игри, светско и еврооско првенство). Червар има олимписко и светско златно, но не и европско.

Во историјата само Русинот Владимир Максимов и Французинот Клод Онеста како селектори освојувале зматни медали на овие три големи натпреварувања

 

 

 

08.03.2017 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега