Писателката Јовиќ-Стојковска: Овде Македонци гинеле за Македонија - не прифаќаме платформа
Писателката Гордана Јовиќ Стојковска се обрати денеска на протесниот марш во Скопје за одбрана на Унитарна Македонија.
- Чест ми е што можам да ве поздравам во име на српската заедница во Македонија, од првиот ден од независноста на Македонија, ние како заедница бевме поддршка од сите во оваа земја. И како човек и како писател овде сум иако знам дека ќе ме наречат фашист, овде Македонците со право загинале за Македонија, рече писателката.
-Јас овде ја претставувам српската заедница во Македонија, иако многумина не се тука со нас, но ние овде вечерва ќе порачаме дека не ја прифаќаме платформата од СДСМ. Илјадници Срби беа убивани и загинаа во војната неодамна, после тоа не ни треба уште една една платформа и уште војни, рече таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа