Ѕвонат телефоните на Ало Докторе

Во изминатата недела на телефонската линија „Ало докторе“ медицински совет побарале 1.286 граѓани. Од почетокот со работа на линијата до сега се јавиле 142.571 пациенти.

Линијата 02/15123 е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совети достапни се 25 доктори, а јавувања има од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата најчесто се за совети поврзани со хронични заболувања, респираторни симптоми, кардиоваскуларни, главоболки, покачена телесна температура, кашлици и симптомна болка.

 

 

 

06.03.2017 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа