Намален бројот на илегални имигранти во соседна Грција

Во првите шест месеци од годинава значително е намален бројот на илегални имигранти во Грција.

Според грчките власти бројот на приведени странци за незаконски влез и престој во земјата намален е за 56,6 проценти. Од почетокот на 2013 година до крајот на јуни приведени се 19.360 странци, додека нивниот број во истиот период минатата година беше 44.602. Во реонот Еврос на копнената граница со Турција во првите шест месеци од годината биле уапсени 455 илегални имигранти, додека од јануари до јуни лани биле приведени 20.840 луѓе.

Најголемиот број илегални имигранти во Грција доаѓаат од Албанија, потоа следат Сирија, Авганистан, Пакистан, Бангладеш, Сомалија и други држави. 

ФОТО: Дневник

12:16

најчитано сега