Крадец им го испразнил апартманот додека спиеле - македонско семејство ограбено во Неа Врасна

Штипско семејство било ограбено во грчкото летувалиште Неа Врасна, објавува Канал 5. Според телевизијата, крадците го “олесниле“ апартманот среде ноќ, додека семејството спиело. Арамиите ги украле сите пари, а не ги ни допреле патните исправи и останатите вредни предмети.

Членовите на семејството раскажале дека до доцна во ноќта седеле на терасата од нивниот апартман со пријателите. За да фатат што повеќе сонце на плажа, спиеле само пет часа, но тоа им било доволно на крадците за да го опустошат апартманот. Семејството доживеало вистински шок кога се разбудило наредното утро.

Според Канал 5, во текот на истата ноќ, ограбени биле уште неколку македонски и српски семејства, а од грчките насилници настрадале и повеќе автомобили со македонски регистарски таблички.

најчитано сега