"Блиската средба со смртта" конечно објаснета од страна на научниците

Научниците со помош на студија спроведена на глувци кои умираат ја објаснија блиската средба со смртта. За неа се виновни  бран од електрични активности во мозокот.
 
Се работи за студија спроведена на глувци кои умираат каде се покажало високо ниво на мозочна активност во моментот на смртта, што според научниците е причината поради која се зголемува нивото на свест.
 
Водечкиот автор на студијата доктор Џимо Борџигин од Универзитетот Мичиген вели: - „Многу луѓе мислат дека мозокот е хипоактивен, со помала активност отколку во будна состојба, а ние покажавме дека тоа не е така. Сигурно е многу повеќе активен при процесот на умирање отколку во будна состојба.“
 
Откако срцата на глувците престанале да работата, следните 30 секунди е измерен голем рат на активностите на мозочните бранови, па  доктор Џејсон Бретвајт од Универзитетот во Бирминген вели дека овој феномен би можел да биде последниот „удар“ на мозокот“.
 
 
 Студијата е објавена во научниот магазин „Proceedings of the National Academy of Sciences". 
11:43

најчитано сега