Сораја имала тешко детство и растела во згрижувачко семејство
Фотосесии, камери и голема популарност. Иако сите мислат дека животот на Сораја веројатно бил вистинска бајка, тој не бил ни блиску до тоа.
Старлетата Сораја Сара Вучелиќ многу рано останала без својата мајка и растела во згрижувачко семејство пренесе Телеграф.
Сораја неодамна започнала да комуницира со својот татко, со оглед на тоа дека тој многу не се грижел за неа. Нејзината мајка која кога останала трудна била протерана од дома бидејќи нејзините родители не се сложувале со нејзиниот избор, немала што да прави освен да ја даде во згрижувачко семејство.
Старлетата до 17 година живеела со својата мајка, но кога таа починала се вратила кај својот татко, но поради негрижата повторно се иселила и дошла во Белград.
Таа одлучила во 2011 година да се пријави во Големиот брат, и така станала популарна.