Заев: Позитивно гледаме кон платформата на Еди Рама

Претседателот на СДСМ Зоран Заев не само што не се откажа од албанската платформа чиј творец е албанскиот премиер Еди Рама, туку вечерва го повтори ставот дека тој смета оти платформата е позитивна.

-Се сеќавате дека реков дека ние сме позитивни кон оваа платформа, зборував за тоа, рече Заев во дебатната емисија „Отворено“ на 24 Телевизија.

Изјавите на Артан Груби и Бујар Османи од ДУИ и соопштението на Беса дадени по прес-конференцијата на претседателот Ѓорге Иванов, кој застана во одбрана на државните интереси на Македонија, според експертите се уште еден доказ дека Зоран Заев ги прифатил сите точки од Албанската платформа донесена во Тирана, а која албанските партии му ја сервираа.

 

 

 

03.03.2017 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега