Тодоров: Иванов вели дека ќе му го даде мандатот на Заев доколку ја отфрли албанската платформа

Претседателот Ѓорѓе Иванов јасно ги образложи мотивите во неговата изјава, посочи членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, коментирајќи ја вчерашната одлука на Иванов да не му го предаде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тодоров вели дека Иванов во говорот кажал оти Заев ќе го добие мандатот кога ќе ја отфрли платформата која е направена во туѓа држава и која во себе содржи компоненти кои ќе ја редефинираат државата.

-Не смее да се дозволи по ниту една цена да се редефинира државата, Претседателот има обврска и одговорност за тоа, истакна Тодоров.

Посочи дека не може да поверува оти Заев молчи за понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со која ВМРО-ДПМНЕ би ги дала своите потписи за формирање нова влада.

-Доколку албанските партии го донесат СДСМ на власт, тој ќе биде уценуван, а ВМРО-ДПМНЕ од друга страна, безусловно ќе ги поддржи да дојдат на власт доколку ја одбијат платформата. Гледам едно нелогично однесување на опозицијата и однесување кое е детерминирано од некои други фактори, посочи Тодоров.

 

 

 

03.03.2017 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега