Писмо од Македонското братство во Кливленд: Осуда за предавничкиот чин на прифаќање антимакедонски платформи

 

Македонското братство од Кливленд со потполна поддршка за донесената одлука на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и неприфаќање на поднесената понуда од страна на претседателот на СДСМ која имаше за цел добивање на мандат и формирање на влада.

-Јавно го осудуваме предавничкиот чин и прифаќањето на платформи кои се креирани во други држави, а имаат за цел рушење на унитарноста и сувереноста на Република Македонија. Македонија мора да остане таква каква што ни ја оставиле нашите предци и наша одговорност и да ја оставиме на нашите поколенија во истите граници и рамки. Ние ги сметаме за крајно штетни и неприфатливи барањата на албанските партии содржани во платформата. Во неа се содржани одредби кои газат врз достоинството на македонскиот граѓанин без разлика на неговата етничка или верска припадност. Бидете упорни! Оваа битка за Македонија мора да ја добиеме!, стои во писмото со поддршка од Македонското братство во Кливленд.

 

 

 

03.03.2017 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега