„ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска уште помасовно на улиците

 

Граѓанската иницијатива „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ остро ги осуди последните навреди од страна на Зоран Заев како и на Шилегов.

Тие во својот ФБ статус пишуваат: Заев не навреди нарекувајќи не’ бандити, Шилегов не’ нарече фашисти, а денес 100 илјади народ имаше по улиците на Македонија, гордо и достоинствено, со љубов за нашата заедничка држава.

Тој со платформи за парчење од кои како што гледаме не се откажува, плус со богато досие на суд, а нас не’ нарекува бандити и фашисти… Па нема толку навреди во речникот, колку што не’ има во одбрана на нашата заедничка земја.

- Им благодариме од срце на сите граѓани кои вечерва низ цела држава излегоа да кажат каква Македонија сакаат и во каква земја веруваат. Утре излегуваме уште помасовно, за да им пратиме најсилен одговор на оние кои не’ нарекуваат бандити и фашисти дека нема да им помине обидот љубовта кон татковината некој да ја нарекува фашизам, напишаа вчера.

Да живее заедничка Македонија!

 

 

 

03.03.2017 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега