Тодоров: Нови брзи избори за излез од криза
Предвремените парламентарни избори не донесоа излез од кризата, а главна причина за тоа е пост-изборната платформа составена во друга држава, вели членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.
Според него, најдобар излез од политичката криза би биле брзи избори.
-Доколку СДСМ искрено сака крај на кризата, тогаш треба да се согласи на нови, брзи избори, посочи Тодоров.
Тој вели дека не е чесно да ветиш нешто пред изборите, а по изборите да договараш нешто друго.
02.03.2017 - 20:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа