Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком се претстави на Светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона
Најновиот телекомуникациски стандард 5 Џи, Дојче Телеком го претстави на саемот во Барселона. Ако 4џи беше еволуција, 5 Џи е вистинска револуција, која треба да донесе многу побрз интернет и многу поголема стабилност на сигналот, велат од германската компанија. Тоа ќе овозможи непречена комуникација и поголема ефикасност во секојдневието и бизнисот – односно паметните автомобили да спречуваат несреќи, машините директно да комуницираат со други машини, да се добијат паметни домови и паметни градови. Целата инвестиција ќе изнесува од 400 до 500 милијарди евра., Македонија не е меѓу 8 земји каде се спроведува пилот проектот, но според најавите, ќе почне од наредната година. Но затоа , е прва земја каде ќе се почувствува Вел Фи, понапредната технологија од Ви фи, технологија што ќе им обизможи посигурен и побезбеден интернет пристап на корисниците
-Со велл фи ние во Македонски Телеком се обидуваме да комбинираме или да обезбедиме слободен сигнал на мрежата, односно корисниците да добијат подобра брзина и капацитет на интернет услугата. Да направиме комбинација на фиксната и на мобилната мрежа и корисникот да не чувствува разлика на која мрежа и да е. Едноставно да добие подобар сигнал без разлика каде и да се наоѓа. Секаде да обезбедиме добро поврзување и корисникот да ужива во подобри услуги., изјави Андреас Маерхофер, генерален директор на македонски Телеком.
Проектот Well-Fi се уште е во пилот фаза, но според најавите бенефитите од стабилниот интернет треба да се почувствуваат од наредната година
На саемот во Бареселона во присутни 800 оператори од 300 компанија во светот. Се презентираат најновите технолошки достигнувања од областа на телекомуникациите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа