Прегазен 29-годишен пешак во Битола
Вчера во 20.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „АСНОМ“ во Битола, патничко возило „Цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Битола удрило во пешакот С.С.(29) исто така од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
30.11.2024 - 11:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа