Македонија горда на специјалците - „Волците“ и „Ренџерите“ денес слават 23 години постоење (ФОТО/ВИДЕО)

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје се одбележа Денот на Полкот за специјални операции (ПСО) – 1 Март.

Специјалните сили на Република Македонија, „Волците“ и „Ренџерите“, одржаа дефиле, а исто така дел од припадниците на специјалните единици добија унапредување.

На прославата присуствуваше и министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Муамет Рецај, генерали во АРМ, поранешни началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали, претставници од МО и ГШ на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти, припадници на единицата и други гости.

– Почитувани генерали, почитуван заменик-министер, почитувани припадници на Полкот за специјални намени. Од мое име и од името на МО и од граѓаните на РМ сакам да ви го честитам 1 Март – Денот на Полкот за специјални намени со искрени желби за личен успех на приватен и професионален план. Денес Република Македонија и вие – Полкот за специјални намени,  славите 23 години постоење, 23 години развој, 23 години лидерство во армиските и безбедносните структури на нашата земја. Овие 23 години вие поставивте стандард на квалитет на тоа што значи да се биде вистински воин. Вие сте огледало на кое треба да се огледуваат и другите припадници на Армијата на РМ. Граѓаните на Македонија се гордеат со вас. Полкот за специјални операции има многу важно место во целокупниот систем на одбраната на РМ. Вие давате посебна карактеристика која претставува многу важен елемент – изјави министерот за одбрана 

 

Единицата за специјални намени е формирана на 1 март 1994 година.

 

 

 

02.03.2017 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега