Трагедија на Монт Блан: Загинаа две италијански алпинистки

Утринава околу 4 часот две италијански алпинистки го загубија животот во лавината на околу 4.200 метри надморска височина на еден од врвовите на планискиот масив Монт Блан, јави МИА.

Лавината била предизвикана од паѓање на блокови мраз која со себе повлекла една група од шест алпинисти кои се наоѓале на Монт Блан Такул, сектор кој се наоѓа во првиот дел при искачувањето на највисокиот врв во Европа. Тројца од алпинистите биле покриени со снег, а за жал двете италјански алпинистки го загубиле животот, додека третото лице било спасено.

Пред неколку дена во подножјето на врвот беа пронајдени два искусни алпинисти.

11:13

најчитано сега