И преубавата Селма Хаек допатува во Србија

 

Мексиканско-американската актерка Салма Хаек допатува денеска во Србија поради снимање на филмот „Everly“ во режија на Џои Линч, јави Танјуг.

Актерката вчера околу 14 часот слета со приватен авион на аеродромот „Никола Тесла“ во друштво на својата ќерка.

Во филмот, Хаек игра жена која затворена во својот стан мора да се избори со платени убијци кои ги испраќа нејзиниот поранешен сопруг, мафијаш.

Хаек кариерата ја почна во Мексико во теленовелата „Тереса“, а пробивањето во Холивуд го имаше со улогите во филмовите „Десперадо“, „Догма“ и „Див Запад“.

 

10:39

најчитано сега