Заносната Моника Белучи престојува во Србија
Заносната италијанска убавица Моника Белучи престојува во Србија. Таа заедно со својот драг пријател, прославениот режисер Емир Костурица, денеска ќе одржи прес-конференција за новинарите за филмот на Костурица кој се снима во Србија.
Во филмот "На млечниот пат", преубавата Белучи е во главна женска улога, додека главниот машки лик го глуми токму Кустурица.
Инаку, според српските медиуми, Моника немала никакви посебни барања за време на престојот.
10:22