ВИДЕО: Мајката на Кардашијан му одговори на Обама за критиките кон нејзината ќерка
Мајката на старлетата Ким Кардашијан, не остана рамнодушна на изјавата на претседателот на САД, Барак Обама, дека Ким и Кање не треба да бидат мерило за успех и пример за младите.
Крис Џенер му одговори на Обама во текот на едно ток-шоу: - Мојата ќерка некогаш не спие и не јаде за да го постигне тоа што го замислила и да биде тоа што е. Па помислив на нејзината куќа од 10.000 квадрати која ја заработи со труд, во споредба со куќата на претседателот која е 55.000 квадрати, што значи дека за него нашата куќа е само колку неговиот ходник...вели мајката на Ким.
Во меѓувреме се шпекулира дека во реалното шоу за Кардашијан, може да се појави и бебето.
- На Кање му смета преголемата изложеност на камери, но Ким има обврска да си го снима животот, вели извор близок до нив.