Србија: Владата ќе формира комисија за борба против корупцијата во образованието

Српскиот весник „Блиц" денеска пишува дека српската Влада ќе формира комисија за борба против корупцијата во образованието.

Предлогот за формирање на комисијата за борба против корупција во образованието го дал вицепремиерот Александар Вучиќ. Инаку, предвидено е генералниот секретар на Советот за мониторинг, човекови права и корупција, Марио Спасиќ, да раководи со комисијата.

Се очекува комисијата да работи во рамките на Министерството за образование.

 
09:39

најчитано сега