Убиени 44 лица за време на утринска молитва во џамија во Нигерија

 

Едно лице отворило оган во џамија во североисточна Нигерија при што животот го загубија 44 лица. Нападот се случил во градот Кондуга, 35 километри од престолнината Мајдугури.

Нападот се случил рано наутро во неделата, а информацијата била објавена на јавноста дури во понеделник, пренесува Би-Би-Си. Непознато лице пукало за време на утринската молитва, и усмртило 44 лица. Се претпоставува дека убиецот е член на исламистичката група „Боко Харам“  која од основањето до сега има убиено илјадници лица во Нигерија.

Уште 26 лица се хоспитализирани со тешки повреди, соопштува „Нигерија Дејли Пост“ .

09:20

најчитано сега