Две лица загинаа 44 се повредени - еве каква штета направи тајфунот на Филипините
Силниот тајфун Утор кој вчера пустошеше на Филипините однесе два живота.
Утор, кој е најсилениот тајфун оваа година во светот, го погоди брегот на планинската источна провиција Аурора со брзина на ветeрот меѓу 175 и 210 километри на час, при што за жал две лица загинаа, а 44 се повредени.
1.000 жители на централниот регион Бикол ја минаа ноќта во засолништа, а тајфунот ги остави и без струја.Сликата била страшна. Ветeрот корнел покриви, а покриениот кошаркарски терен во Диналунган е избришан од земјата.
ФОТО: Журнал
09:12