Страшна сообраќајна несреќа во Тетово: Прегазено младо момче

Пешак од Слатино на возраст од неполни 18 години се здобил со тешки повреди во сообраќајната несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Тетово - Јажинце во селото Слатино, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски, пешакот бил удрен од автомобил „Ауди“ со тетовски регистерски таблици којшто без возачка дозвола го управувал 28-годишниот Б.С. жител на истото село.

- Во несреќата  пешакот задобил тешки телесни повреди на главата и градниот кош и со друго возило бил пренесен во Тетовската клиничка болница од каде по укажана лекарска помош со медицинско возило итно бил префрлен на скопските клиники. Таму е задржан за натамошно лекување и се наоѓа надвор од животна опасност, изјави Јосифовски.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и се утврдува причината за несреќата, околностите во кои се случила и друго додека возилото е времено одземено за соодветна проверка и обработка.

Според полициската статистика, во текот на минатата година во Полошко вкупниот број на сообраќајни несреќи со пешаци изнесува 90 при што седум лица загинале, 22 се тешко, а 69 се полесно повредени.

 

 

 

24.02.2017 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега