Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ организира марш попладне во 17 часот

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни” денеска организира марш под мотото „Македонски марш – завет за Македонија“. Маршот ќе почне денеска во 17 часот пред Соборниот храм на МПЦ во Скопје, а ќе заврши до паркот „Жена Борец”.

Здружението ќе се обрати до владините коалициски партнери од кои ќе бараат детали од договореното во Мала Речица.

„Секој молк или одговор кој нема да е во склад со македонскиот Устав и законите, ќе биде мотив повеќе здружението преку протести да ги повика виновниците на одговорност кои нема да бидат од церемонијален карактер и низ разни облици на побуна секојдневно ќе се вршат легитимни притисоци додека не се повлечат штетните одлуки“, се вели во соопштението на „Тврдокорни“ кои сакаат да дознаат дали со „подзаконски акти или дотерување на постоечките закони, некој притаено ќе се обиде да нѐ донесе пред свршен чин од низата сепаратистички барања на албанските политичари“.

 

 

 

24.02.2017 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега