Деветгодишниот Ване во чест на Борис Трајковски ќе искачи врв во Албанија

Деветгодишниот планинар од Неготино Ване Бошев викендов ќе го искачува врвот Бресник висок 1.752 метри во Албанија, во чест на годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски. За ова денеска информираше неговиот татко Орданче Бошев.

- Првите чекори во планинарењето Ване ги направи на неполни три години и досега има освоено бројни врвови во земјава и странство, а има добиено и многу награди и признанија, меѓу кои и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, како млад и надежен планинар, потсети тој.

Притоа нагласи дека младиот планинар трета година учествува во вакви активности со кои се одбележува годишнината од авионската несреќа во која настрада Трајковски. 

 

 

 

24.02.2017 - 09:55
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега