Саем за традиционална македонска храна и активен туризам

Традиционални производи и алтернативни видови туризам по пониски цени, ќе понуди саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ што ќе се одржува денеска и утре во Рамстор Мол.

Како што најавуваат организаторите, на саемот ќе може да се купат крушевски домашни џемови и овошни локуми, велешки органски мед, зелено вино од Кавадарци и уште најмалку 30 производи кои не се редовно достапни во Скопје. 

 

Посетителите воедно ќе имаат прилика да се запознаат и со богатата туристичка понуда на Македонија, како и да резервираат една од многуте авантури - планински велосипедизам во Мариово, тандем параглајдинг во Охрид, јавање коњи во Галичник,...

Саемот за традиционална Македонска храна и активен туризам „Ис(в)куси ја Македонија“ го организира Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и Локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион. 

 

 

 

24.02.2017 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега