Голем пожар во Студенскиот дом во Загреб - студентите евакуирани

Во голем пожар што попладнево пламна во павилјоните на Студентскиот дом „Цвијетно“ во Загреб изгорени се неколку соби, студентите се евакуирани, а најмалку три лица се повредени. 

На повредените им е укажана итна медицинска помош, а пожарот е ставен под контрола.

До пожарот, како што пренесоа хрватските медиуми, наводно дошло во кујната, а потоа тој се проширил низ целиот дом.

Пожарот зафатил и неколку соби, а студентите на социјалните мрежи веќе меѓусебно се организираат за да им обезбедат сместување на колегите на кои собите им беа зафатени од пожарот.

Студентскиот дом е евакуиран од безбедносни причини.

Во гасењето на пожарот  интервенирале триесетина пожарникари со повеќе возила.

 

 

 

22.02.2017 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега