Високото рангирање од „Херитиџ" на Македонија - потврда за успешните политики

Американската фондација „Херитиџ“ испорача уште едно признание за успешните економски политики во Македонија. Влеговме во групата на слободни економии на високото 31. место од 186 држави, во друштво со најразвиените.

Македонија доби високи оценки за гарантирањето слободен пристап до својот пазар и за отвореноста за трговија со други држави, за ниските даноци, но и за намалувањето на регулаторните бариери за водење бизнис. Најдобрата оценка во извештајот на „Херитиџ“ е за ниските даноци- 91,9 поени, а натпросечно бодување имаме и кога е во прашање долгот, што значи дека надлежните внимателно управуваат со јавните финансии, пишува Лидер.мк.

„Херитиџ“ импресиониран од резултатите на земјава

Фондацијата објаснува дека Македонија ја подобрила регулаторната рамка и создала стабилно окружување за домашни и странски инвестиции, но и оти политичката нестабилност оневозможила подинамичен раст на економијата. Главните совети за подобрување се во насока да се прават понатамошни структури реформи во однос на бирократијата и борбата со корупцијата, а и бизнис – регулативната често да не менува.

„Ова е тешко време за Македонија за да ја подобри економската слобода. Имате политички превирања низ кои минувате, а имате и бегалска криза на границата. Но, јас сум навистина импресиониран од тоа колку добра работа завршија македонската Влада и луѓето. Имам многу надеж за во иднина кога ќе се разреши политичката криза, а не се сомневам дека тоа ќе се случи, ќе одите напред и ќе продолжите на правите напредок“ – вели авторот на извештајот, Тери Милер.

Македонија во рангирањето на фондацијата „Херитиџ“ за економските слободи има направено огромен напредок. Имаме скок од 47 места во споредба со 2006 година.

„Секогаш кога се работи, резултатите се неминовни. Македонија е една земјите со најниски даночни стапки во светот и во неа лесно се започнува бизнис, се ценат сопственичките права и слободата на бизнисот. Сето тоа е високо вреднувано од стана на фондацијата „Херитиџ“ и други светски реномирани извештаи“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Македонија во најдобрите 10 во извештајот „Дуинг бизнис“

Светска банка во својот последен „Дуинг бизнис“ извештај за 2017 година ја смести Македонија во најдобрите 10 во светот и првите 5 во Европа според условите за водење бизнис.

„Напредокот на македонската економија е можност за привлекување нови инвестиции во земјава. Високата позиција во извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка е шанса за влез на големи корпорации и звучни индустриски гиганти. Граѓаните ќе го почувствуваат бенефитот со зголемувањето на стандардот кој ќе биде добиен од нови вработувања и раст на економијата“ – објаснува универзитетскиот професор Томе Неновски.

Македонија од 2007 година забележа скок од 84 места на ова рангирање со кое се опфатени 190 држави.

„Овој континуиран напредок е резултат на напорна и координирана работа при што се спроведоа над 30 системски реформи со кои им се олесни работата на сите оние кои водат некоја компанија, драстично се намалија административните процедури и времето за спроведување одредени постапки“ – вели вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Во рангирањето на Светска банка, другите земјите од регионот се далеку зад Македонија. Словенија е на 30 место, Бугарија е на 39 позиција, Хрватска е рангирана на 43 место, Србија е 47, Црна Гора е на 51 место, а Албанија е на 58 позиција.

„Ние сме на 47 место на листата на „Дуинг бизнис“, но Македонија е на 10 место. Мораме да ја продолжиме битката да бидеме поконкурентни, бидејќи регионот е голем и сите земји настојуваат да обезбедат економски раст“ – вели Небојша Савиќ, декан на Факултетот за економија, финансии и администрација од Србија.

Се бара разрешница на политичката криза

Високите рангирања не се само потврда на хартија, тие се потврдуваат и во реалноста. Македонија и во услови на нестабилна ситуација на надворешните граници и повеќегодишна политичка криза успеа да испорача солидни стапки на економски раст. Бизнисмените објаснуваат дека растот на БДП несомнено ќе беше повисок доколку немаше политичка криза.

„Не може да се рече дека политиката на влијае на економијата ама оваа криза покажа дека бизнис – секторот во Македонија е веќе способен да се носи со секакви предизвици. Видовте дека ние во овие две години воопшто не кревавме паника околу тие работи, си ја гледавме и си ја бркавме работата. Сепак, ако не беше кризата ќе постигневме многу поголеми профити и поголем раст на БДП“ – вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

„Политичката стабилност е предуслов за економската стабилност, за овозможување економски раст, кој во време на политичка криза беше тешко да се постигне, бидејќи компаниите ги замрзнаа вработувањата и планираните инвестиции“ – објасни претседателката на ССК, Данела Арсовска.

Сличен е ставот и на економистите.

„Оваа политичка криза трае две години. Таа во голема мера се одразуваше и ќе се одрази врз економските текови во Република Македонија“ – смета универзитетскиот професор Предраг Трпески.

Меѓународните финансиски институции ни прогнозираат раст

Политичката криза е главен ограничувачки фактор на домашната економија, но земјава повторно ќе испорача економски раст. Европската комисија за годинава ни прогнозира зголемување на БДП од 3,2 процента, за в година растот да забрза на 3,6 проценти, што ќе биде втор најдобар резултат во Европа.

„Очекувањата се дека македонската економија ќе расте со стапка од 3,2%, а претходно нашите проекции беа конзервативни и изнесуваа 3%. Овие прогнози се резултат на очекувањата за движењата на потрошувачката, раст на извозот (пред сè од слободните економски зони), но и на капиталните инвестиции предвидени во буџетот за 2017 година“ – вели министерот за финансии, Кирил Миноски.

Македонската Влада е најконзервативна во своите проекции за раст на економијата од 3% годинава. Аналитичарите од Светска банка во својот јануарски извештај за глобалните перспективи излезе излегоа со очекувања за раст на БДП од 3,3% годинава, 3,7% во 2018 година и 4% во 2019 година. Проекциите на ММФ за Македонија се раст од 3,5% годинава и од 3,8% во 2018-та, а слична е и прогнозата на Народната банка на Македонија.

 

 

 

18.02.2017 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега