ДУИ бара од СДСМ промена на Уставот - без ВМРО-ДПМНЕ тоа не поминува

 

Со свој предлог Албанците бараат промена на Уставот за да може да се инсталира двојазичност на целата територија на Македонија.
Како што јави телевизијата Алсат М, Ахмети вечерва му го доставил на Заев својот нацрт закон за јазици, кој според она што беше објавено, за да може да се спроведе неопходно е менување на Уставот, или како што стои во текстот на медиумот кој известува на албански јазик, „услогласување на Уставот“
Во ДУИ се свесни дека Уставот не може да се смени без поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.  Од таму пак најавија дека немаат намера да дадат поддршка за ваков предлог и дека тоа беше главната причина поради што и пропаднаа нивните разговори со ДУИ.

 

 

 

 

 

16.02.2017 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега