Пожарникарите го совладаа пожарот кој три дена беснееше во Гевгелија
Гевгелиските пожарникари во содејство со комуналните работници дури денеска успеаа да го совладаат разбеснетиот оган на градската депонија со кој се бореа речиси три дена.
Веднаш по пријавувањето на пожарот од страна на чуварот на депонијата, пожарникарите и комуналните работници беа на опожареното место, но гаснењето се одвиваше тешко поради големата површина зафатена со оган и енормната концентрација на чад.
Денеска огнот конечно беше изгаснат со употреба на специјална пена.
Поради основано сомневање дека пожарот во депонијата е намерно подметнат, денеска општина Гевгелија до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против непознат сторител за загрозување на животната средина.
16:50