Две сообраќајки го блокираа Скопје: Искршени 4 возила и скутер - 1 лице во болница

Во периодот од 15 и 40 до пред малку, сообраќајот на бул. „Метрополит Теодосиј Гологанов“ се одвиваше со застој, автобусот со број пет сообраќаше по друг правец бидејќи имаше прекин.

Станува збор за две сообраќајни несреќи, кои се случија на истата улица. Првата сообраќајка се случила во 14:30 часот помеѓу три возила, веспа, автомобил марка „хонд“а и камионче. Возачот на веспата завршил со повреда и е пренесен во Градската општа болница „8 септември“, велат од МВР за Телеграф.

Додека пак, во втората сообраќајка случена во 15:40 часот помеѓу две патички возила, автомобил марка „бе-ем-ве“ и „голф“ и двете со скопски регистарски таблички. Овде е причинета само материјална штета.

Увидот на полицијата е завршен.

 
 

 

 

14.02.2017 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега