Александар Вучиќ ќе се кандидира за претседател на Србија

Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС), попладневно реши партиски кандидат за претседател на Србија на претстојните избори да биде актуелниот премиер Александар Вучиќ, јави РТС.

По едночасовната седници на Пртседателството, српскиот министер за внатрешни работи и потпретседател на СНС, Небојша Стефановиќ изјави дека Вучиќ бил едногласно избран за кандидат за српски претседател на партијата.

Вучиќ одби да одговара на новинарски прашање по седницата, туку само кусо изјави дека наскоро ќе биде објавено соопштение во кое „се ќе биде прецизно наведено“

 

 

 

 

 

14.02.2017 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега