Еве како да приготвите помфрит кој не е канцероген

Британските експерти советуваат да правиме помфрит најмногу до бледо златна боја, за да го избегнеме ризикот од рак, пишува во “Дејли мејл”. Кога се добива потемна боја, тогаш се формира супстанцијата акриламид. Тоа е канцерогена состојка и исто така се содржи во чадот од цигарите.

51 процент од изложеноста на децата на акриламид доаѓа од помфритот, чипсовите и крокетот. Сите тие треба да се пржат до бледо златна боја, за да не претставуваат опасност за здравјето. Истото важи и за печените работи – тие не мора да бидат подизгорени, за да не содржат акриламид.

Родителите добро е да го ограничат внесот на чипсови од децата во текот на неделата. Истражување со експериментални животни докажа дека акриламидот и неговиот метаболит глицидамид, се генотоксични и канцерогени. Тие ја оштетуваат ДНК­ та и предизвикуваат рак, а децата се најранливи во овој поглед. Акриламидот е хемиско соединение што се користи за добивање на полимер наречен полиакриламид, од кој се произведува пластична амбалажа. Овој полимер влегува во составот на лакови, смоли, бои, лепило и различни детергенти. Според Меѓународната агенција за проучување на ракот, соединението акриламид предизвикува генски мутации и има особено силно изразено канцерогена акција. Тој се добива со пржење или печење при температури од 120 до 190ºС.

 

 

 

13.02.2017 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега