Излетал од патот и удрил во дрвја: Детали за тешката несреќа кај Куманово

Автомобил „ауди А6“ со скопски регистарски таблички управуван од страна на 27-годишниот скопјанец К.М утрово во 9 часот и 30 минути излетало од автопатот Скопје-Куманово во близина на Агино Село.
Од кумановската полциција денеска соопштуваат дека возилото се движело од Скопје кон Куманово и откако излетало од автопатот удрило во дрвја. Патничкото возило е однесено на технички сервис, а увидот што го врши СВР Куманово ќе ги покаже причните за  сообраќајна несреќа.
 
Од Итната помош Куманово информираат дека интеревнирале на сообраќајната несреќа и дека возачот е префрлен на хирургија.
Во автомобилот имало и сопатник кој не е повреден.
Сообраќајот на автопатот се одвива непречено.
 

 

 

13.02.2017 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега