Алфите приведоа двајца скопјани барани со потерница за убиство
Полицијата минатата недела ги приведе 25-годишниот Ејуп Б.од Скопје кој е баран по наредба за бегство од затворот во Идризово каде бил на издржување казна затвор во траење од девет години и 30-годишниот Исни Ј. од Скопје, баран по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор во траење од осум години за сторено кривично дело “убиство“.
Ејуп Б. е приведен од страна на припадниците на „алфите“ на 23-ти овој месец во 16 часот на булеварот “Југославија“. Кај него е пронајден и пиштол марка “Застава ТТ“ калибар 7,62 со рамка со пет куршуми што го поседувал без дозвола, по што е лишен од слобода, приведен и предаден во Полициската станица - Кисела Вода. Приведениот на 3 февруари 2009 година на улицата „Кемал Сејфула“ со уште две непознати лица од патничко моторно возило „голф“ со автоматски пушки испукале неколку истрели во правец на патничкото моторно возисло „Ауди“ управувано од 39-годишниот Н.Џ. со намера да го лишат од живот.
Од страна на припадници на единицата “алфа“ Исни Ј. е пронајден и приведен на 25-ти овој месец во 3 часот од неговиот дом во скопското село Паничари. Исни Ј. со уште едно лице на 19 април 2004 година во село Буковиќ удирајќи го со 15 удари од пиштол по главата го лишиле од живот 19-годишниот Земри С.