Костарика им кажа не на кафезите - животните од зоолошка ќе бидат пуштени на слобода
Костарика решава да ги затвори сите зоолошки градини, и животните да ги пушти на слобода, пренесува Си-Ен-Ен.
Министерот за животна средина Рене Кастро вели дека земјата тргнува по слоганот „Не на кафезите“, па така сите зоолошки ќе ги претвори во ботанички градини, а животните ќе ги ослободи.
Животните од овие установи ќе бидат пуштени во дивина или ќе бидат испратени во некое прибежиште за животни.
14:39