Мега прокет: Започна набавката на нови медицински апарати

Министерството за здравство ќе набави  нова и најсовремена опрема за јавните здравствени установи во Р. Македонија, проект ќе биде вреден 33 милиони евра со кои што ќе се набави опрема за над 100 јавни здравствени установи низ целата држава.

Ова денеска го најави министерот за здравство Никола Тодоров.

-Министерството за здравство го објави тендерот за набавка на опрема за клиничката болница во Тетово. Тендер вреден околу 2 милиони евра со кој што ќе се набават повеќе од 1200 парчиња медицинска опрема која што треба да биде ставена во функција на сериозно подобрување на дијагностиката и квалитетот на здравствените услуги  кои што се даваат во клиничката болница Тетово, рече Тодоров.

 

 

 

12.02.2017 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега