Страшна сообраќајка утирнава го потресе Скопје - шест лица повредени од кои едно потешко

 Шест лица се повредени во сообраќајната несреќа што утрово во четири часот се случила на крстосницата кај булеварите „Партизански одреди“ и „8. Септември“во Скопје меѓу четири автомобила. Со тешки телесни телесни повреди се здобила сопатничка во едно од возилата.

Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајката се случила меѓу патничките возило „Ауди А6“, управувано од В.Д. (1945) од Скопје, „Мерцедес Ц 200“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. (1981) од Скопје,  „Опел астра“ со скопски таблички, управувано од Д.С. (1991) и возило „Фиат Линеа“ со струшки регистарски ознаки управувано од Љ.У. (1989).

По сообраќајната незгода возачите В.Д и С.К. со возило на Брза помош биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, Љ.У. и неговиот сопатник А.Т (1994) од Скопје во клиниката „Свети Наум Охридски“, а Д.С. и сопатничката О.Ц. (1991) Скопје во Ургентен центар. Кај О.Ц. се констатирани тешки телесни повреди, фрактура на вратен пршлен. На натамошно лекување се задржани и возачите С.К. и Д.С., кој е препратен на Очната клиника, додека В.Д., Љ.У и А.Т, кај кои имало телесни повреди  се пуштени на домашно лекување.

 

 

 

12.02.2017 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега