Внимавајте на овие патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец село Лисец - Попова Шапка, информира Автомото сојузот на Македонија.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран се отворени за сообраќај.

На граничните премини, освен на Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.л

 

 

 

12.02.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега