Македонците гневни автомобилите уништени - еве што им се случи на нашите туристи во Калитеа, Неа Врасна и Лефкада

 

Пет нови случаи на оштетувања на возила, биле пријавени од страна на македонски државјани кои престојувале во Грција, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 50 случаи, информираат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден, на Граничниот премин „Меџитлија“, Д.А. од Битола, кој управувал патничко возило „БМВ“ со битолски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Неа Врасна, со спреј комплет му биле прикриени двете ознаки МК, а му била повлечена и црвена линија со истиот спреј по левата страна од возилото. Оштетувањето не го пријавил во грчката полиција.

Во вториот случај, на Граничниот премин „Меџитлија“, А.Д. од Скопје, кој управувал патничко возило „Фолксваген Голф“, со скопски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Лефкада, преку целото возило со цврст предмет му се направени длабоки линии на каросеријата. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.

Во третиот случај, на Граничниот премин „Богородица“, И.Т. од Скопје, која управувала патничко возило „БМВ“, со скопски регистерски ознаки, пријавила дека во туристичкото место Калитеа и била одземена една регистерска табличка. Оштетувањето го пријавила и во грчката полиција.

Во четвртиот случај, на Граничниот премин „Богородица“, Б.Е. од Скопје, кој управувал патничко возило „Фолксваген Поло“, со скопски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Калитеа му биле одземени комплет регистерските таблички. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.

Во петтиот случај, на Граничниот премин „Богородица“, Б.Н. од Скопје, кој управувал патничко возило „Ауди“, со скопски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Неа Мудања му била одземена предната регистерска табличка. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.

Со овие пет новорегистрирани случаи во неделата, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 50 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 50-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 35 се кражби на регистарски таблички, од кои во 25 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со 6 кражби. По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 12 случаи.

Од вкупниот број случаи - 31 се пријавени од страна наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. 26 од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.

најчитано сега