Ахмети: Со Груевски сме коалициони партнери 10 години

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по разговорот со Хан кажа дека тема било како Македонија да излезе од кризата,

Можам да кажам дека ставовите ни се идентични - рече лидерот на ДУИ.

На прашањето дали е вистина дека се сретнал со Алијансата на Албанците за да формира влада со ВМРО-ДПМНЕ, што претходно го изјави Мендух Тачи, тој одговори

- Константно разговарам со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а конечната одлука ќе ја донесе Централното претседателство откако СДСМ ќе достави писмено дали ги прифаќа барањата од платформата - рече Ахмети.

Нормално е да разговарам со Никола Груевски зошто сме коалициони партнери десет години, нагласи тој.

Според Ахмети, Декларацијата на Албанците била потпишана во Тирана зошто лидерот на Беса не сакал на иста маса да седне со него, затоа ги повикал Премиерот на Албанија.

Тој кажа дека Платформата не значи дека бараат Голема Албанија, туку дека тоа се нормални барања и потреба на Албанците. 

 

 

 

09.02.2017 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега