Трогателна животна приказна на еден тинејџер - постојано се бори да се сети што правел претходниот ден
Деветнаесетгодишниот Рики Дин од Велика Британија секој ден се бори да се сети што се случило претходниот ден. Момчето кое доби прекар Мементо има редок вид нарушување, па постојано заборава, така што неговите најблиски мораат да го потсетуваат дури и дека треба да јаде или да ги измие заби. За жал, ова момче губи осет за време и не знае што правел и кога правел. Не знае дали јадел пред 5 минути или пред пет денови. Нарушувањето се јавило уште додека бил бебе кога мозокот му останал долго без кислород, додека подоцна му бил дијагностициран аутизам, пренесе Дејли меил.
- Пред да го купам мобилниот телефон, пред три години, воопшто не излегував од дома. Најлошо од се е што ги пропуштам состаноците со пријателите и заборавам што ми се случило. Не можам ниту да планирам ниту да се веселам на нешто што треба да се случи како, на пример, родендени, раскажува Дин.
- Му помагаме во се, почнувајќи од тоа кога треба да јаде, како да се облече за одредена временска сезона. Би сакале да биде посамостоен, но не можеме да му дозволиме сам да се капе или да направи ручек бидејќи би било преопасно - вели неговиот татко Гери кој раскажува дека иако и нив им е многу тешко, сепак се голема поддршка за своето дете.
Инаку, момчето оди на факултет, и вели дека навистина не би знаел што би правел без семејството. За него е снимен и документарен филм.