Го свртел воланот и го бутнал автобусот во провалија - еден од патниците виновен за автобуската несреќа во Франција
Тешката автобуска несреќа која се случи викендов во близината на Фиту на југот од Франција во која животот го загубија две лица а триесетина беа повредени, ја предизвикал еден од патниците на автобусот.
Несреќата се случила околу 1 часот и 30 минути по полноќ, кога возачот на автобусот на компанијата Еуролајнс кој сообраќаше на релацијата Марсеј- Мурциа ја изгуби контролата и излета од патот, откако претходно се лизгаше во дијагонала, по што паднал и се превртил пет метри подолу. Возачот кој управувал со автобусот е со негативен контролен тест за алкохол и изјавил дека ниту еден друг автомобил не бил вмешан во несреќата.
Возачот во првите изјави на истражните органи им рекол дека еден од патниците ја предизвикал несреќата, откако побарал автобусот да запре, по што успеал да го заврти воланот. Оваа верзија на настаните на почетокот не беше сфатена сериозно, но се покажува дека тоа токму така се случило. Се работи за 30-годишен Украинец којпред истражните органи признал дека тој се расправал со возачот и во еден момент сакал да го принуди да застане на автопатот, по што го свртел воланот и автобусот излетал од патот.
Денеска продолжува сослушувањето за страотната автобуска несреќа.
ФОТО: Ерепортер