ВИДЕО: Четиригодишно момченце е најмладиот градоначалник на светот

 

Мало момченце по име Боби Тафт има само четири години, а веќе втор пат е избран за градоначалник на еден град во Минесота.

Се работи за градот Дорсет кој има само 22 жители. За граѓаните да ги избегнат сите конфликти и непријатности кои би можеле да настанат при изборот на градоначалник одлучиле да го изберат градоначалникот влечејќи имиња. Па, втора година по ред се извлекува името на малиот Боби, и така тој е градоначалник на градот.

Градоначалничкиот мандат трае една година, а градоначалникот се грижи само за добротворни акции.

Мора да признаеме, ова е најслаткиот градоначалник на светот!

12:20

најчитано сега