Група насилници претепале 19-годишно момче од Тетово
Синоќа десет минути по полноќ, во Тетово бил нападнат 19-годишниот Н.А. од страна на група од 5-6 лица.
Имено, додека тетовчанецот се движел по улица, насилниците одзади го фатиле во пределот на вратот и го собориле на земја. Потоа, насилниците започнале да го удираат по главата и телото, по што избегале.
Оштетениот побарал лекарска помош во Клиничка болница Тетово, каде покрај повредите во вид на отоци и црвенило, констатирана му е расекотина на десното рамо нанесена од остар предмет.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.