Езел: Не купував дрога туку кикиритки
Миленикот на женската публика, турскиот актер Кенан Имирџиоглу, познат како Езел, неодамна беше уапсен во голема полициска акција која турската полиција ја подготвувала со месеци, со цел разбивање на криминалот со дрога. Заедно со актерот беа уапсени и други славни имиња од Турција, кои купувале дрога, а беа фатени преку прислушување на телефоните на дилерите од кои ја набавувале дрогата.
Езел во полицијата негирал дека купувал дрога од дилерот: - Од осомничениот купував кајсии, ореви, кикиритки и други производи, но не и дрога. Главно тоа го нарачував од него на телефон, изјавува актерот.
Исто така, актерот изјавил дека бил корисник на дрога но во минатото и дека нема никакви пороци.
11:56